Турција заплени брод со оружје под сириско знаме

Турција заплени брод полн со оружје, кој пловел под сириско знаме, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган синоќа во Њујорк, каде учествуваше на седницата на Генералното собрание на ОН.
Ердоган не наведе каде и кога е запрен бродот, но порача дека неговата земја ќе продолжи во својот воздушен простор и во своите територијални води, да ги конфискува сите испораки на оружје за Сирија.
Турскиот премиер го критикуваше сирискиот претседател Башар ал Асад поради насилното сузбивање на протестите во земјата.