Ставревски: во вториот квартал раст на БДП од 5,3 насто

Министерот за финансии Зоран Ставрески

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески придружуван од директорот на Народна банка на Македонија Димитар Богов учествува на Годинашното собрание на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка што од денеска до 25 септември се одржува во Вашингтон. Тој за агенцијата МИА изјави дека средбите со раководството на ММФ и на СБ ќе бидат искористени да се побара поддршка за реализација на значајни проекти во Македонија. Дој додаде дека порастот на БДП од 5,3 проценти за вториот квартал од годината е над очекувањата на Владата. Тоа, според него, само потврдува дека македонската економија е поставена на здрави основи и оти политиката за зголемување на јавните инвестиции со поддршка на градежништвото и индустријата дава резултати.