Христијаните и муслиманите можат да го направат светот подобар

Папата Бенедикт 16-ти денеска повика на меѓусебно разбирање и дијалог меѓу христијаните и муслиманите, оценувајки дека може да има плодна соработка меѓу двете религии. Папата, кој е во посета на Германија, имаше средба со претставници на 4 милионската муслиманска заедница во таа земја. Тој изјави дека муслиманските и христијанските верници имаат посебна улога во создавањето на подобар свет.