Пакистан со предупредување до САД

Пакистан

Шефот на пакистанската дипломатија Хина Рабани Кар изјави дека Соединетите држави ризикуваат да загубат сојузник доколку продолжат јавно да ги критикуваат постигнувањата на Исламабад во војната против милитантите во таа земја. Неговите забелешки доаѓаат откако шефот на американскиот Генерлштаб во заминување адмирал Мајк Мулен изјави дека пакистанските разузнавачки служби тесно биле поврзани со мрежата Хакани која е една од најнасилните талибански групи.