Сателит на НАСА паѓа на Земјата

Сателит на НАСА голем колку автобус се очекува во текот на наредните 24 часа да падне на Земјата. Сателитот со тежина од околу 6 тони не е во функција од 2005 година. НАСА соопшти дека не знае точно кога и каде би паднал сателитот, но оти сигурно ќе ја промашел Северна Америка.