Светските берзи погодени од новите економски стравувањата

Берзанскиот пазар забележа остар пад на акциите по предупредувањата за ранливоста на глобалата економија. Во Њујорк индексот Дау Џонс падна за повеќе од 3 проценти. Европските берзи забележаа пад од над 4 отсто додека азиските берзи се затворени. Претходно денеска во Вашингтон претседателот на Светската банка Роберт Зелик предупреди дека светката економија е во „опасна фаза“. Вчера и Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека глобалната економија е поранлива отколку за време на глобалната криза во 2008-мата година.