ЕУ со последно предупредување до БиХ за парите од ИПА фондовите

Европската комисија ги предупреди властите во Босна дека може да загубат 96 милиони евра европска помош за 2011 година поради внатрешно политичките разлики и доколку претставници на земјата не достават во наредните неколку дена усогласена програма.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска со писмо го предупреди претседавачот на Советот на министри на БиХ Никола Шпириќ, дека ако Босна не претстави за неколку дена усогласена програма, ќе преземе мерки да ја пренасочи предвидената помош за неа за регионот на Западен Балкан.