Намален рејтингот на три американски банки

Агенцијата Мудис им го намали рејтингот на три американски банки: Банка на Америка, Велс Фарго и Сити груп. Тоа значи дека овие водечки банки ќе мора да почнат повеќе да плаќаат кога ќе позајмуваат пари. Рејтинг агенцијата исто така оценува дека веројатноста американската влада да им помогне на овие банки е помала отколку за време на економската криза. Имено, со новите прописи се укинува можноста американската влада да им даде спасувачки пакет на големите фирми и банки кои се соочуваат со проблеми со што се отвора и простор за нивно пропаѓање.