Папата Бенедикт Шеснаесетти во посета на Германија

Папата Бенедикт Шеснаесетти од денеска престојува во прва официјална посета на неговата татковина Германија. За време на четиридневниот престој, Папата ќе има обраќање во парламентот, а ќе одржи и миса на Олимпискиот стадион во Берлин. Посетата, како што е најавено, ќе биде проследна и со повеќе протести, додека многумина пратеници во Бундестагот најавија дека ќе го бојкотираат неговиот говор. Католичката црква во Германија во изминативе години бележи опаѓање на нејзиното членство. Јозеф Ратцингер стана папа во 2005 година.