Најверојатно одлуката за влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната ќе биде одложена

Кандидатурите на Бугарија и на Романија за влез во Шенген зоната ќе бидат отфрлени утре на состанокот на Советот за правда и внатрешни работи на Европската унија поради противењето на Холандија и Финска,јавуваат новински агенции повуикувајќи се на дипломатски извори од Брисел.Како што информираат одлуката за влез на овие две земји во Шенген зоната ќе биде одложена за самитот на ЕУ, кој ќе се одржи на 17 и 18 следниот месец.
Предвидено е министрите за внатрешни работи на 22-те земји-членки на Шенген зоната да се произнесат утре по кандидатурите на Бугарија и на Романија.