МНР советува „ не одете во Сирија“

Протести во Сирија

Македонското министерство за надворешни работи им препорачува на граѓаните кои живеат или престојуваат во Сирија да ја напуштат земјата поради насилните демонстрации како и можностите за натамошно ескалирање и влошување на безбедносната ситуација. Во соопштението е наведено дека министерствотоги советува граѓаните да избегнуваат секаков вид патување или движење во оваа држава, присуство на јавни собири и постојано да се има предвид безбедносната состојба при движењето низ земјата.