Грција со нови мерки за штедење

Грчкиот министер за финасии Евангелос Венизелос денеска изјави дека Грција ќе преземе нови мерки за штедење. Денешната најава за нови мерки за штедење пристигнаа по разговорите со претставници на Европската Комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската Централна Банка околу новиот пакет заем за спас од кризата. Тој изјави пред парламентот дека земјата мора да преземе нови мерки за да избегне банкрот но не спомна за какви мерки станува збор.