Протести во Палестина, Обама на разговори со Абас

Илјадници Палестинци протестираа на Западниот Брег во знак на поддршка на кампањата за членство во Обединетите Нации. Протестите се одржуваа во неколку градови како Рамалах, Хебро, Наблус. Во меѓувреме денеска е предвидено американскиот претседател Барак Обама во Њујорк да се сретне со палестинкиот престедател Махмуд Абас и со изреалскиот премиер Бенџамин Нетанјаху. САД и Изарел бараат од Палестинците да се откажат од барањето за членството во ОН и рестарт на изралеско– палестинските преговори.