Протести во Кабул против убиството на Рабани

Кабул 21.09.2011

Стотици авганистанци се собрале денеска пред домот на Бурханудин Рабани во Кабул, во знак на жалост и протест за неговото убиство. Рабани, кој го предводеше официјалниот совет во обидите за преговори со талибанците, беше убиен вчера во самоубиствен бомбашки напад во неговиот дом во Кабул. Претседателот Хамид Карзаи ја прекина посетата на Њујорк и се враќа во Авганистан, а убиството на Рабани го осудија светските лидери.