Г-8 вети помош за арапските земји кои ќе се демократизираат

Министрите за надворешни работи на Групата 8 најразвиени земји ветија брза економска и политичка помош за арапските влади кои ќе превземат демократски реформи. По состанокот на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации, министрите од Г-8 оценија дека арапската пролет е голема надеж за поголеми слободи, правда и човечко достоинство во арапскиот свет. Францускиот шеф на дипломатијата Ален Жупе изјави дека досега се ставени на располагање околу 80 милијарди долари помош за Египет, Јордан, Тунис и Мароко во наредните две години.