Почнува главната дебата на Генералното собрание на ОН

Денеска во Њујорк почнува генералната дебата на 66-то заседание на Генералното собрание на ОН, чија главна тема ќе биде „Улогата на посредувањето во мирното решавање на споровите“. Дебатата оваа година, прв пат во 66-те години постоење на Светската организација, ќе ја отвори жена- бразилската претседателка Дилма Русеф, а на учесниците прв пат ќе им се обрати и претставник на ЕУ- претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј. Генералната дебата ќе се одвива до сабота, како и од понеделник до идниот петок.