Убиен шефот на Мировниот совет на Авганистан

Буханудин Рабани

Авганистанскaта полиција соопшти дека шефот на авганистанскиот врховен мировен совет поранешниот претседател Буханудин Рабани денеска е убиен при напад во неговиот дом во Кабул. Мировниот Совет ги води преговорите на владата со Талибанците. Шефот на полицијата соопшти дека најверојатно станува збор за самоубистевн напад. ББС јавува дека Рабани имал средба со двајца претставници на талибанските милитанти за време на нападот.