Најмалку 15 ранети и 3 лица загинале при експлозија во Анкара

Ранети луѓе при експлозијата денеска во Анкара

Турските власти соопштија дека најмалку тројца загинале а 15 луѓе се ранети при ескплозијата во главниот град Анкара. Вицепремиерот Бесир Аталај денеска изјави дека експлодирал еден автомобил кој подоцна се запалил и предизвикал експлозии на уште три други автомобили. Се уште има контрадикторни информации дали станува збор за подметната бомба или за несреќен случај. Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата.