Грција: референдум, но не за членството во ЕУ

Претставникот на ММФ Бо Траа на прес конференција во Атина, 19.09. 2011.

Грција денеска ги отфрли гласините дека размислува да одржи референдум за членството на земјата во еврозоната. Заменик портпаролот на грчката влада Ангелос Толкас денеска изјавил дека вчера владата му доставила на парламентот нацрт закон, чија цел е да и овозможи на земјата да одржи референдум, но во нацртот не е специфицирано за која тема. Претходно весникот Катимерини објави дека Грција може да организира референдум за членството во еврозоната, на кој избирачите ќе се изјаснат дали земјата треба да се бори со должничката криза внатре во еврозоната или треба да се откаже од заедничката европска валута.