Стразбур: неправилности со Јукос

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска пресуди дека Русија направила некои неправилности со стечајот на руската нафтена компанија Јукос. Сепак, Судот на пресуди околу компензацијата што ја побара оваа комапнија која тврди дека руската влада ја оштетила за 98 милијарди долари. Од своето осоновање пред половина век, судот во Стразбур немал такво високо барање за оштета. Адвокатите на Јукос велат дека руската владата и Владимир Путин плански настојувале да ја уништат фирмата која годишно произведувала нафата колку и Либија. Тогашниот генерален директор и сопственик на компанијата Михаил Ходорковски, кој е осуден на 14 години затвор беше најбогат човек во земјата и се сметаше за политички опонент на Путин.