Намален кредитниот рејтинг на Италија

Рејтинг агенцијата Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Италија за едно ниво од А+ на А. На овој потег се гледа како на нов удар врз еврозоната која се обудува да се справи со должничката криза.
Вo соопштението на Стандард и Пурс се наведува дека кредитниот рејтинг на Италија може уште да се намалува поради „намалување на изгледите за раст“.