Во Хрватска беснее силно невреме

Силно невреме беснее во Хрватска по повеќенеделни горештини.
Невремето ги зафати западните делови на Истра, силниот ветер и поројниот дожд го отежнуваат сообраќајот,откорнува дрвја и електрични столбови поради што некои населени места останаа без струја
Најголеми проблеми со дождот имаат жителите на Умаг и Пореч.
Според прогнозите на хидрометеоролозите оваа недела ќе има дожд и драстично намалување на температурите.