Тадиќ нема да се сретне со Тачи во Њујорк

Српскиот претседател Борис Тадиќ не планира да се сретне со косовскиот премиер Хашим Тачи во Њујорк. Кабинетот на Тадиќ ја демантираше инфомацијата објавена во косовските медиуми дека двајцата ќе се сретнат во Њујорк за да се договорат за кризата во северно Косово.Во соопштението е наведено дека администрацијата на Тадиќ решението на кризната ситуација ја гледа единствено во дијалогот Белград-Приштина, што се води со посредништво на Европската унија.
Некои косовски медиуми денеска соопштија дека е можна средба меѓу Тадиќ и Тачи за време на Генералното соопштение на ОН во Њујорк.