Вељановски очекува објективен извештај од Ховит

Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска се сретна со новиот известувач за Македонија, европратеникот Ричард Ховит. Во соопштениоето до кабинетот на Вељаносвки е наведено дека тој очекува очекува извештаите на Ховит да бидат реални и со објективен преглед на стореното и постигнувањата на сите политички субјекти. Во соопштението е наведено и дека Ховит се согласил со мислењето на Вељаноски дека економскиот напредок е круцијален и дека очекува раст на економски план со нашето придружување во европското семејство. Во продолжение се вели дека европратеникот Ховит потенцирал дека неговите оценки ќе се базираат на објективно и натпартиско следење на состојбите и дека ќе настојува да даде максимален придонес за подобрување на вкупните состојби во Македонија.