Лукашенко и се заблагодари на Кина

Белорускиот претседател Александро Лукашенко денеска и се заблагодари на Кина за кредитот од 1 милијарда долари кој и беше потребен на Белорусија да се справи со кризата. Тој изјави дека парите ќе бидат искористени за модернизација на белоруската економија и воведување на напредни технологии и иновации. Белорусија се соочува со најлошата економска криза откако колабираше Советскиот Сојуз. Белоруската влада побара и заем од Меѓународниот монетарен фонд во вредност од 8 милијари долари но ММФ во замена за заемот бара од владата да спроведе реформи.