Крвавите протести во Јемен продолжуваат

Повредени при насилните протести

Антивладините протести и судирите на демонстрантите со безбедносните сили во Сана , Јемен и денеска продолжуваат. Новинските агенции јавуваат дека најмалку 20 луѓе загинале денеска со што бројот на загинати во изминативе два дена се искачи на 50 жртви. Ова е еден од најкрвавите напади откако демонстрантите во јануари бараа да се смени од власт преседателот Али Абулах Салех. Салех кој е на власт повеќе од 30 години, се наоѓа во соседна Саудиска Арабија, каде се опоравува од повредите здобиени при нападот на неговата резиденција во јуни годинава.
И покрај силните меѓународни притисоци, Салех не си оди од власт,а во земјата веќе 8 месеци има протести кои ја парализираат
осиромашената држава.