МНР -Попоски од 19 до 27 септември во Њујорк

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата Никола Груевски, од 19 до 27 септември ќе учествува во работата на 66. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, се очекува министерот да учествува на Состанокот на високо ниво за нуклеарна безбедност, на трансатланската вечера на министри на земји - членки на НАТО и на ЕУ, на Состанок за Отворено владино партнерство, на министерскиот состанок на Алијансата на цивилизации, и на Годишниот балкански лидерски самит.