Тепaчка на руски милијардери за време на ТВ емисија

Рускиот милијардер Александар Лебедев

Рускиот милијардер Александар Лебедев му удрил неколку тупаници на бизнисменот Сергеј Полонски за време на снимена телевизиска емисија. Полонски рекол дека попрво би удрил некого отколку да дискутира за финансиски прашања со олигарх. Лебедев на тоа одговорил со тупаници, соборувајќи го Полонски од столчето. Александар Лебедев е поранешен оперативец на КГБ кој се збогати тргувајќи со хартии од вредност по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Полонски исто така е милијардер.