Протести во Јемен, најмалку 26 загинати

Протести во Јемен

Најмалку 26 демонстранти загинале синоќа во Сана,главниот град на Јемен,кога безбедносните сили отвориле оган врз нив. Синоќа во Сана се одржаа едни од најголемите демонстрации против режимот на претседател Али Абдула Салех во последниве месеци. За време на демонстрациите били повредени многу луѓе.
Салех кој е на власт повеќе од 30 години, се наоѓа во соседна Саудиска Арабија, каде се опоравува од повредите здобиени при нападот на неговата резиденција во јуни годинава.
И покрај силните меѓународни притисоци, Салех не си оди од власт,а во земјата веќе 8 месеци има протести кои ја парализираат
осиромашената држава.