Националниот преоден Совет ќе ја објави новата влада

Либиската нова влaст планира денеска да ја официјализира новата влада и покрај битките што се водат во Сирт и Бани Валид. Поддржувачите на Моамер Гадафи започнаа нови жестоки напади врз борците на Националниот преоден Совет. Воениот потпарол на Советот изјави дека е „прашање на денови“ кога ќе бидат поразени лојалистите на Гадафи. Претходно се јави потпаролот на Гадафи кој изјави дека Гадафи е во Либија и дека неговите поддржувачи имаат доволно оружје и сили да се борат неколку месеци.