Судири на турската војска со курдските бунтовници

Турски војник загина и двајца други се ранети во судири со припадници на Курдската работничка партија крај градот Генч во провинцијата Бингол.
Судирите меѓу силите за безбедност и курдските милитанти настанале откако бунтовниците не запреле на сигнал за сопирање и отвориле оган врз силите за безбедност. Турските власти соопштија дека ранетите војници се во стабилна состојба а во регионот каде што настанал инцидентот се испратени специјалци.