Свечен пречек на македонските кошаркари

Утре на аеродромот „Александар Велики“ ќе биде организиран свечен пречек на македонската кошаркарска репрезентација по постигнатиот успех на Европското првенство во Литванија. Прославата за постигнатите резултати ќе продолжи на плоштадот „Македонија“.
По пречекот, кошаркарите, сместени во панорамски двокатен автобус специјално брендиран за нив, ќе пристигната на плоштадот каде ќе поминат низ портата „Македонија“.