Турскиот вицепремиер Бешир Аталај изјави дека државата ќе ги замрзне односите со ЕУ доколку Кипар добие ротациско претседавање во 2012 година. Тој додаде дека доколку мировните преговори во Кипар не донесат решение и ЕУ го препушти ротациското претседателство на јужен Кипар, ќе настане вистинска криза меѓу Турција и ЕУ. Аталај ова ги изјави во интервју за кипарското- турско радио и телевизија Бајрак по неговата посетата на северниот дел од Кипар.