Блокадите во Северно Косово и денеска продолжуваат

Блокадите во северно Косово и денеска продолжуваат во мирна но тензична атмосфера, јавуваат новинските агенции. Синоќа се слушале истрели од автоматско оружје во селото Кошутово, но нема регистрирани ни повредени ни жртви. Блокирани се сите патни правци а на секој обид на косовските или меѓународните безбедносни сили да поминат во северениот дел на Косово барикадите се зајакнуваат. Косовските Срби синоќа добија поддршка од министерот за Косово Горан Богданмовиќ и шефот на преговарачкиот тим Борислав Стефановиќ кои апелираа до граѓаните да останат мирни и истрајни.