САД:Пакистанската влада поврзана со териристичка мрежа

Американскиот амбасадор во Пакистан Камерон Мунтер

Американскиот амбасадор во Пакистан Камерон Мунтер изјави денеска дека постојат докази со кои се докажува дека терористичката мрежа Хагани за која се смета дека е одговорна за нападите врз американскта амбасада и седиштетот на НАТО во Кабул е поврзана со владата во Исламабад.Тој во изјавата за Радио Пакистан додаде доказите за тој однос се цврсти и дека а тоа е нешто што треба веднаш да престане.
Претходно пакистанското министертво за надворешни работи соопшти дека американското предупредување за милитантските групи во Пакистан не е во согласност со антитерористичката соработка на двете земји. Американските власти сметаат дека терористичка оргнизација стационирана во Пакистан е виновна за нападите од врз американската база и седиштетото на НАТО во Кабул при што загинаа 16 луѓе