Младенов: Бугарите не се европски граѓани од втор ред

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов денеска изјави дека Бугарите „не се европски граѓани од втор ред“. Ваквата забелешка следуваше по противењето на Холандија, Бугарија и Романија да влезат во Шенген зоната. Младенов изјави дека се надева оти оти идната недела ЕУ ќе ги прифати Бугарија и Романија како рамноправни членки во безвизната зона.Тој додаде дека во спротивно, Бугарија ќе мора да ја преиспита својата поддршка за законот за реформи на Шенген.