Експлозија во болница во Индија

Најмалку 8 луѓе се ранети при експлозија на бомба во болница во индискиот туристички град Агра. Се уште никој не презеде одговорност за нападот. Нападот доаѓа една недела по експлозијата на бомба во актовка во Врховниот Суд во Њу Делхи при што загинаа 15 луѓе. Пакистанска милитанска група ја презеде одговорноста за тој напад.