Банкарскиот сектор главна тема на министерскиот состанок во Полска

Министрите за финасии на Европската унија на денешниот состанок Вронцлав, Полска раговараат за банкарскиот сектор. Полските власти соопштија дека министрите ќе се обидат да најдат нови начини за да ја вратат довербата во европскиот пазар и да ја подобрат финасиската стабилност. Додека се одржува вториот ден од состанокот, речиси 10 илјади луѓе протестираат во Вронцлав против мерките за штедење во повеќе земји. Организатор на протестот е Евроспката конфедерација на синдикати, која смета дека политиките за штедење резултираат со зголемена невработеност.