Турција ја засилува борбата против Курдите

Курдските демонстранти на протестите кои се одржаа на почетокот на месецов

Турската полиција уапсила 95 Курди во јужнозападниот дел на Турција под сомнение за поврзаност со курдските милитанти јавува новинската агенција Франс Прес.Меѓу уапсените се и членови на прокурдската демократска партија и службени лица од локалното собрание на провинцијата Сирнак. Полицијата синоќа извршила рација во домовите на партиските членови. Синоќа имало и помали судири на демонстранти и полицијата поради рациите. До сега околу 2500 членови на курдската партија за мир и демократија , вклучувајќи и пет парламентарци се во затвор под сомнение за поврзнаност со сепартистичката Курдска работничка партија.