Предвремени парламентарни избори во Летонија

Владис Затлерс

Во Летонија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори во време кога државата се обидува да избегне длабока рецесија. Се очекува победа на про-руската коалиција, но аналитичарите предвидуваат дека ривалските партии нема да и овозможат да формира влада. До изборите доаѓа откако на јулскиот референдум, над 90 насто од гласачите го подржаа екс претседателот Валдис Затлерс, кој го распушти парламентот поради корупциски скандали.