ЕК сака враќање на старите шенгенски правила

Европската Комисија сака во Шенген зоната да се вратат старите правила на граничната контрола.
Во предлот поставен денеска во Брисел се бара да се напушти унилатералното право на контрола кое го бараа Франција и Италија, а кои се соочуваа со бранови мигранти од Северна Африка.
Сега се предлага земјите членки да можат тоа да го прават ама како крајна мерка и за период од 5 дена.
За подолг период ќе треба да бараат дозвола од Европската Комисија.