Љубе Бошкоски јавно му се извини на директорот на УБК, Мијалков

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, кој веќе три месеци се наоѓа во притвор, јавно му се извини на Сашо МИјалков, директор на Управата за безбедност и контраразунавање.
- Јавно му се извинувам на г-динот Сашо Мијалков за изречените клевети и навреди од моја страна, а кои се предмет на приватни тужби, стои во писменото јавно извинување.
Бошкоски посочува дека овие навреди и клевети ги изрекол врз основа на погрешни информации и податоци кои дошле до него.
На Бошкоски ќе му се суди за нелегално финансирање на предизборната кампања, откако беше уапсен на 6 јуни пред ресторанот „Воденица“ во Скопје. При апсењето кај него беа пронајдени 100.000 евра.