Гартнер - поделбите во еврозоната се голем ризик

Poland -- US Treasury Secretary Timothy Geithner steps out of an informal meeting of European Union finance ministers in Wroclaw, 16Sep2011

Американскиот министер за финансии Тимоти Гартнер денеска во Вроцлав на состанокот со неговите колеги од ЕУ предупреди дека продлабочувањето на поделбите во еврозоната околу грчкиот долг е катастрофален ризик. Како многу штетен тој го оцени и конфликтот меѓу државите и Централаната Банка.
Шефот на еврозоната Жан Клод Јункер пакденеска изјави дека 17 земји членки кои ја користат заедничката валута ја одложија за идниот месец одлуката за исплата на 8 милијарди евра од пакетот за помош на Грција. Јункер на прес конференцијата, по состанокот на министрите за финансии на еврозоната што се одржа во полскиот град Вроцлав ја поздрави, како што рече, обновената и цврста посветеност на Грција да го спроведе планот за штедење. На состанокот учествуваше и американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер.