Шпанците воздржани оптимисти

Селекторот на кошаркарската реперезентација на Шпанија Серџо Скариоло пред денешниот полуфинален дуел со Македонија на Европското првенство во Литванија упати предупредувачки пораки до неговите кошаркари и комплименти за играта на Македонија на досегашниот тек од првенството. ,,Нашите противници во полуфиналето се најголемото изненадување на турнирот. Имаат компактен тим кој игра цврста кошарка,, изјави тој изразувајќи уверување дека македонската репрезентација ќе биде победена. Најдобриот шпански кошаркар Гасол пак, смета дека најголемата опасност за нив е Бо Меккејлеб, како и агресивноста и упорноста на македонскиот тим.