Еуробаскет полуфинале: Македонија - Шпанија

Македонската кошаркарска репрезентација денеска со почеток од 16 часот и 30 минути, во Каунас игра во полуфиналето на Европското првенство во кошарка против европскиот шампион Шпанија.

На полуфиналниот натпревар „црвено-жолтите“ ќе имаат помош од трибините, бидејќи се очекува поголема група македонски навивачи да бидат присутни во „Каунас Арена“.

Во второто полуфинале во 20 часот играат Франција и Русија, репрезентации кои вчера во четвртфиналните натпревари славеа победи против Грција односно Србија.

Во натпреварот за пласман од 5-8.место домаќинот Литванија ја победи Словенија, домаќин на следното ЕП и воедно избори пласман на олимписките квалификации кои следната година ќе се одржат во Лондон.

Инаку, покрај двата полуфинални натпревара денеска во 14 часот Србија и Грција ќе играат за пласман од 5-8 место.