ЕУЛЕКС денеска ги презема премините во присуство на цариниците на Косово

ЕУЛЕКС најави дека нивната полиција и царината од денеска ќе ги преземат оперативните работи на граничните премини Јариње и Брњак.На ова се противата Србија и косовските срби.
Во меѓувреме административниот премин Јариње на српско-косовската граница од синоќа е блокиран од страна на КФОР. Војници на КФОР поставија бодликава жица преку целиот пат и со тоа оневозможија одвивање на сообраќајот во целост. Граѓаните на општината Лепосавиќ реагираат на мерката на КФОР и се на околу 100 метри од блокираниот премин каде поставија камион и го блокираа сообраќајот пред преминот.