Седница на Советот за Безбедност на ОН за тензиите на Косово продолжи зад затворени врати

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации за тензичната ситуација на Косово што е закажана на барање на Србија и Русија по отворањето продолжи зад затворени врати. Седницата е закажана по повеќе часовни консултации во средата вечерта во Советот за безбедност. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун претходно изрази длабока загриженост поради растењето на заостреноста на северот на Косово и влијанието врз мирот и стабилноста.