Вонредна седница на Советот за Безбедност на ОН за Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва на вонредна седница ќе расправа за Косово. Заседанието на Советот за безбедност е свикано по иницијатива на Русија и Србија. Повод за свикување на седницата е најавата на Приштина за утре да постави своја царина и полиција на премините меѓу северно Косово и Србија.
Седницата на Советот за безбедност, на инсистирање на западните сили, ќе биде затворена за јавноста, а на неа ќе присуствува српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ.
Претходно Косово најави дека утре ќе ја преземе контролата над административните премини на северот од Косово.Српскиот преседател Борис Тадиќ денеска изјави дека е загрижен е многу загрижен за утрешните најави за еднострани активности бидејќи тоа сериозно го загрозува мирот и стабилноста во регионот. Србите во Северно Косово најавија за утре нови блокади на локалните патишта.