Иванов:Македонските кошаркари немаат исти услови како другите но се желни за победа

Годишнината од независноста се совпадна со победите на македонските кошаркари кои ни донесоа таква радост, гордост и самодоверба која не сме ја виделе во државата. Ова го изјави претседателот Ѓорге Иванов во интервјуто за штипско студентско радио. Тој додаде дека иако сме мала земја, со инвестирање во спортот, инвестирање во услови за младите луѓе да спортуваат, резултатите доаѓаат.Иванов истакна дека е редосен што и самиот тим е желен за победа иако тие ги немаат условите што ги имаат другите тимови кои се натпреваруваат во ова првенство, меѓутоа ја имаат душата и срцето посветено на Македонија, затоа што навистина ни недостигаа победи.