Турција ќе „ го има на око “ Израел

Турскиот премиер Реџеп Tаип Ердоган денеска вети дека турската морнарица ќе патролира во источниот дел на Медитеранот и ќе го „има на око“ Израел. По денешната средба во Тунис со неговиот колега Ердоган изјави дека „Израел повеќе нема да може да прави сака во Медитеранот“. Ердоган во својата турнеја ги посети земјите кои неодамна доживеаа пресврт по конфликтите кои ги зафатија и во тој контекст изјави дека „исламот и демократијата не се контрадикторни и дека муслиман може да води една држава многу успешно“.
Односите меѓу Турција и Израел се повеќе се заоструваат откако Израел одби да се извини за инцидентот со бродот со хуманитарна помош наменет за Појасот Газа.